СБ на ОН одлучи да одговори на барањето на палестинските власти за полноправно членство

Советот за безбедност на ОН одлучи до крајот на овој месец да одговори на барањето на палестинските власти да добијат статус на полноправна членка на светската организација.

За ова прашање било разговарано на вчерашната средба.

Во септември 2011 година, палестинскиот претседател Махмуд Абас покрена иницијатива за „приклучување на државата Палестина во Обединетите нации“, која никогаш не се оствари. На крајот, палестинската управа доби статус на набљудувач во светската организација во ноември следната година.

Меѓутоа, минатата недела поднесе ново барање за полноправно членство, кое се аргументира со израелската офанзива во Појасот Газа.

„Ова е историски момент“, изјави палестинскиот постојан претставник во Обединетите нации Ријад Мансур.

Набљудувачите сметааст дека САД повторно ќе наметнат вето, како што тоа го направи во 2011 година. Ставот на САД е дека идната палестинска држава треба да се формира во договор со Израел.

Треба да знаете
Последни објави