Урнебесен изборен плакат на Алка Вуица: Кандидатура во леопард фустан и индијанска перјаница

Откако неодамна ја објави својата кандидатура на изборите во Хрватска, пејачката Алка Вуица сега го објави и својот предизборен плакат.

Изборниот плакат на Алка е урнебесен, а пејачката е облечена во фустан со леопард принт и има индијанска перјаница на главата. Слоганот на нејзиниот плакат гласи: „Доаѓаат реки на правдата“.

Откако Алка Вуица влезе во СДП во 2022 година, хрватската пејачка се најде на листата на кандидати на споменатата партија за парламентарните избори што ќе се одржат на 17 април годинава.

Вуица е на 14. место на изборниот список во шестата изборна единица. Интересно е што ова не е првпат пејачката да се испроба во политиката.

Имено, Вуица во 2009 година одлучила да ја започне својата политичка кариера и планирала да се кандидира на претседателските избори како кандидат на Партијата на зелените. Во таа прилика таа изјави дека нејзината популарност и дава „позиција од која сака и мора да зборува“.

Но, нејзините соништа за политичка кариера не траеја долго бидејќи по два месеци објави дека се повлекува од кандидатурата поради недоволен број на собрани потписи.

Треба да знаете
Последни објави