Секој викенд или неработен ден десеттици илјади македонски граѓани се упатуваат кон соседна Србија на еден ден.
Поради близината, добриот пат и намалените гужви на граница поради Отворен Балкан, Врање во последните две три години стана посетувана дестинација.
Некои само на ручек, некои да се видат со свои пријатели, но најмногу од македонските граѓани одат во овој српски град за да направат шопинг.
Покрај обувки и облека се купува и ситни апарати од бела техника, часовници, авто галантерија, а секако неодминлив дел се и големите маркети, особено германски „Лидл“.
Но од неодамна, граѓаните на Македонија, исто како и жителите на Врање имаат нова дестинација кога станува збор за „колонијално“ пазарање.
Новоотвроениот „Мега маркет“ нуди широк асортимант на производи од различни палети, а некои од цените се поевтини и од „Лидл“ и од останатите познати маркети.
„Мега маркет“ е конципиран како маркет за целото семејство каде на едно место може да се најде се за едно домаќинство.
Цените се прифатливи, услугата е на висок квалитет, па затоа и не изненадува што на граѓаните на Македонија „Мега маркет“ им станува задолжителна дестинација при посета на Врање.
Следната масовна „инвазија“ на Македонци на Врање се очекува веќе утре, кога во Македонија е неработен ден, додека во соседна Србија е регуларен дел работен ден.