Шпанскиот Уставен суд денеска на пет месеци ја суспендираше законодавната иницијатива на парламентот на регионот Каталонија за започнување на процесот за независност, чиј прв чекор е референдум.
Иницијативата автоматски беше суспендирана откако Уставниот суд прифати да ја разгледа жалбата на владата на Педро Санчез по иницијативата, пренесува Ел Паис.
Во декември, Санчез му рече на каталонскиот регионален претседател Пере Арагонес дека референдум за самоопределување на Каталонија „не доаѓа предвид“, дури и откако Социјалистичката работничка партија на Санчез формираше коалиција со каталонските сепаратистички партии во парламентот.
Според Санчез, таков референдум би го прекршил Уставот од 1978 година.
Резултатите од анкетата спроведена минатата година за каталонската регионална влада покажаа дека 51 отсто од Каталонците на референдум би ја отфрлиле независноста на регионот од остатокот на Шпанија, додека 42 отсто би ја поддржале, пишува Ел Паис.