Јакимовски: Земјоделците во мене ќе имаат сигурен заштитник!

Мојата заложба ќе оди во насока на отворање на нови пазари, имајќи предвид дека со војната во Украина македонските земјоделци го загубија белорускиот и рускиот пазар, но очигледно дека ниту Владата, ниту претседателот на државата се интересираат каде можат да се пласираат земјоделските производи истакна Јакимовски.

Земјоделците во мене ќе имаат сигурен поддржувач, и заедно со мене кога ќе одам на службени патувања постојано ќе треба да оди и министерот за економија, да се отвораат нови пазари, нови можности за македонското земјоделие, особено за конзервната индустрија што се развива во овој дел од регионот.

Јас сакам да напоменам дека не може претседателот да се држи само до овие што ги има уставни надлежности, а да не нѐ интересира за тоа како живеат земјоделците, како живеат нашите граѓани!

Треба да знаете
Последни објави