Украина и Велика Британија денеска потпишаа Рамковен договор за соработка во областа на одбраната и производството на оружје, со намера да ги зајакнат украинските капацитети за производство на оружје. -Денес британските компании соработуваат со украинските компании и бараат можности да произведат повеќе оружје заедно“, рече украинскиот министер за стратешки индустрии Олександр Камишин по церемонијата на потпишување на воената конференција во Киев на која присуствуваа околу 30 британски компании, на која се разговараше за можна соработка со украинските компании. Британскиот министер за трговска политика Грег Хендс рече дека се надева оти договорот ќе придонесе за перформансите на Украина на бојното поле, како и за нејзината економија.