ВИСТИНСКАТА ПРОЛЕТ ДОПРВА ДОАЃА: Во следните денови топло и без негативни утрински температури!

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во следните денови, односно до самиот крај на оваа недела ќе имаме едно типично пролетно време. Времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Повремено и локално ќе има послаби врнежи од дожд, особено во недела. Утре, Долж Повардарието ќе засилува ветерот од северозападен правец.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со засилување на ветерот од северозападен правец во текот на утрешниот ден. Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе бидат над нулата, освен на повисоките и планинските места каде ќе се спуштаат само за некој степен под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Спорем моменталните прогностички анализи со кој располагаме, следната седмица ќе биде уште потопла и тогаш температурите понекаде ќе надминуваат и 20 степени.

Треба да знаете
Последни објави