Денеска караванот на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше во посета на општина Градско.
Но при посетата на Пендаровски на малата општина во централна Македонија се случи невообичаен чин во полиитчката кампања.
Средбата на Пендаровски со граѓаните беше спроти штабот на ВМРО-ДПМНЕ па Пендаровски ги поздрави членовите на ВМРО-ДПМНЕ собрани во штабот на партијата, а дел од нив го отпоздравија.
„Почит и поздрав до сите! За мене делби не постојат.“ напиша Пендаровски на социјалните мрежи каде ја објави фотографијата од чинот на поздравување.