Четириесет и шестгодишниот М.М. од селото Шемшево, вчера околу 13.45 часот бил грабнат со автомобил од страна на четири лица, кои му се заканиле со огнено оружје. Како што објави МВР, потоа бил однесен во куќа во селото Грчец и физички нападнат. Лицата, како што се наведува, барале од него да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра. По околу осум часа со возило го оставиле во Добарце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.