Ужината е одличен начин да го нахраниме телото помеѓу поголемите оброци во текот на денот. Всушност, грицкањето може дури да помогне и во намалувањето на ризикот од рак.
Американскиот институт за истражување на рак и Советскиот фонд за истражување на рак проценуваат дека помеѓу 30 и 40 отсто од сите видови карциноми можат да се спречат со правилна исхрана и вежбање. Значи, многу нешта зависат од она по што посегнуваме кога ќе огладнеме.
Во тој контекст, онкологот д-р Лори А. Алфонсе ја открила својата омилена ужина со која ја задоволува желбата за грицкање, а дури може да го намали и ризикот од рак.
Кога д-р Алфонсе ќе посака попладневна ужина, посегнува по мешани јаткасти плодови. Омилени ѝ се бадемите, индиските ореви и ф’стаците.
– Овие грицки се одличен извор на протеини и го зголемуваат нивото на енергија во текот на попладневниот замор – изjaвила таа за „Параде“.
Според студијата од 2023 година, јадењето само 28 грама јаткасти плодови дневно (околу една дланка), е поврзано со намалувањето на смртноста од рак за 21 отсто.
Тоа е затоа што јаткастите плодови се одличен извор на биоактивни споеви кои помагаат во намалување на воспаленијата и спречуваат настанување или размножување на клетките на ракот.
Јаткастите плодови се одличен извор на протеини, растителни влакна, витамин Е и фолна киселина, сите хранливи материи кои имаат клучна улога го превенцијата на ракот.
Кога купуваме јаткасти плодови, д-р Алфонсе советува да ги избираме оние без дополнителни шеќери и соли. Ако сакаме да додадеме малку вкус во нив, може да ги посипеме со различни зачини, како што се рузмарин, мајчина душица или куркума.