СДСМ: Глас за ДПМНЕ и Силјановска е глас за изолација и прекинување на патот кон ЕУ

Клучното прашање на овие избори е одлуката за европската иднина на државата.

Овие денови се потврди, во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата режимска партија со која е можно само враќање назад.

Гласот за ДПМНЕ и Силјановска е глас за изолација и прекинување на патот кон ЕУ.

Силјановска нема програма, нема понуда, кампањата и ја води Мицкоски, со обвинувања, без план за иднината.

Ова е уште една потврда дека Силјановска е реприза на Ѓорѓе Иванов, партиски послушник, продолжена рака на Белата палата.

Силјановска нема поддршка од граѓаните, не успеа да собере 10.000 потписи за поднесување кандидатура за претседател.

Граѓаните сакаат напред, сакаат членство во ЕУ.

Затоа, на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави