Српската фолк пејачката Сека Алексиќ и бендот поминале осум часа во полициска станица во швајцарскиот Цирих. Алексиќ за „Блиц“ ја потврдила информацијата и појаснила дека полицијата дошла на нејзиниот настап во дискотека во Цирих за да ги провери работните дозволи, меѓутоа, утврдила дека истите не се соодветни, па пејачката и членовите на бендот завршиле во полициската станица каде биле приведени да дадат изјави. -Полицијата дојде на нашиот настап и ги провери работните дозволи, утврди дека не се соодветни. Полицијата зема и моја изјава и му наплати на сопственикот казни за мене и за целиот бенд – рекла Алексиќ.