Бијонсе е прогласена за првата личност која успеала да има најмногу стримови на албум на популарната музичка платформа Spotify за 24 часа.
Spotify објави дека осмиот студиски албум на добитничката на Греми е досега најстримуваниот албум на музичката платформа во еден ден во 2024 година, а исто така е и првиот кантри албум кој ја носи таа титула.
Владеењето на Каубој Картер не е изненадување, бидејќи водечкиот сингл на албумот, „Texas Hold ‘Em“, беше стримуван преку 200 милиони пати на платформата, со што се најде на врвот на Топ 50 во САД.
Нејзиниот нов албум содржи 27 песни и е објавен пред 7 дена. Според изјавата на уметнчкта, и покрај звукот, соработките и класификациите во индустријата, Каубој Картер „не е кантри албум, туку албум на Бијонсе“.
– Овој албум се создаваше пет години. Тоа се роди од искуство што го имав претходно каде што не се чувствував добредојдена и беше многу јасно дека не бев. Поради тоа искуство навлегував подлабоко во историјата на кантри музиката и ја проучував нашата богата музичка архива. Прекрасно е да се види како музиката може да обедини толку многу луѓе ширум светот, истовремено засилувајќи ги гласовите на некои од луѓето кои посветиле голем дел од својот живот на едукација за нашата музичка историја. Критиките со кои се соочив кога за прв пат влегов во овој жанр ме принудија да ги надминам ограничувањата што ми беа наметнати – напишала Бијонсе при објавувањето на овој албум кој очигледно ги плени нејзините фанови.
Албумот „Каубој Картер“ ги оправда очекувањата кога се во прашање изненадувањата, како што вети Бијонсе. Не само што Вили Нелсон, Пост Мелоун, Мајли Сајрус и Доли Партон соработуваа со Бијонсе на новиот албум, туку и нејзината 6-годишна ќерка Руми гостува во песната „Протектор“, заедно со голем број кантри музичари.
На денот на објавувањето на нејзиниот албум, Бијонсе испрати специјална порака до Мики Гајтон, во која и се заблагодари што ги урна бариерите во жанрот.
– Мики, ти благодарам што ми ја отвори вратата, кралица. Продолжете да сјаете. Љубов и почит, Бијонсе – гласеше пораката која дојде со букетот бели цветови.
Во 2021 година, Гајтон беше првата црна уметница која освои номинација за Греми за најдобар кантри албум.