Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Александар Николоски, потпретседателот на и носител на изборната единица 4 од ВМРО-ДПМНЕ денеска на митинг во општина Василево рамки на претседателската кампањата му порача на Венко Филипче носител на изборната единица 4 од СДС, дека тој не води црна кампања против него, туку дека граѓаните очекуваат одговор на 5 прашања, меѓу кои каква е неговата улога во прерано згаснатите 14 човечки животи кои што за жал живи изгоре при пожарот на модуларната болница во Тетово, како и дали неговата улога во притисокот врз сопственикот на една приватна болница за истата да ја продаде на бизнисмен од Албанија.
Јас само поставувам прашања кои што вие мене ми ги кажувате. Би сакал да ги повторам, нека даде утре одговор при некој настан кој ќе му го организира скапо платената пи-ар агенција Рејтинг на Никола Спасов и да ја затвориме темата. Каква е неговата улога во прерано згаснатите 14 човечки животи кои што за жал живи изгоре при пожарот на модуларната болница во Тетово. Второто прашање каква е неговата улога во тендерот за стерилизација каде што стерилизацијата во сите здравствени установи во Македонија се приватизираше и случајно ја доби фирма од Албанија. Третото прашање е каква е неговата улога во притисокот врз сопственикот на една приватна болница за истата да ја продаде на бизнисмен од Албанија. Четвртото прашање е колку провизија зеде од фирмата за трговија со јужно овошје Стабри од Хонг Конг кој што требаше да донесе вакцини во Македонија, вакцини сами знаете дека не дојдоа и Македонија за жал вакцини имаше само од донации, праша Николоски.
Николоски го повика Венко Филипче да одговори која е неговата поврзаност со семејството Панковски и каква е улогата во случајот Онкологија каде што не им бил даван лекови на болните од рак се со цел како што рече тој да се полнат приватните џебови.
И петтото прашање каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и каква е неговата улога во случајот Онкологија каде што лек не бил даван на болни од рак со цел да се полнат приватни џебови. Еве за почеток нека ги одговори овие 5 прашања па нема да имаме ниту црна, ниту бела кампања, рече Николоски.
Николоски укажа дека Филипче треба да одговори од каде се парите за пи-ар агенцијата Рејтинг да плаќа по 100 евра за објавен текст за Венко, додавајќи дека само денеска се објавени 18 текстови, или вкупно се платени 1800 евра.
Како што е фер да одговори од каде му се парите за агенцијата Рејтинг секој ден плаќа и до 100 евра за објавен текст за Венко Филипче. Повторувам, 100 евра по објавен текст. Пред да дојдам тука само денеска има 18 текста, тоа се 1800 евра само денес. Од каде му се тие пари, кој ги обезбедува, дали се пријавени во Државниот завод за ревизија и Антикорупциската комисија и дали ќе ги видиме во извештаите за парламентарните избори, изјави Николоски.