Техничката влада на Холандија ќе даде дополнителни 400 милиони евра финансиска помош за Украина, која ќе достигне повеќе од 2,4 милијарди евра во 2024 година, објави РТЛ, повикувајќи се на владини извори.
Владата планира да додели најмалку 1,5 милијарди евра помош за Украина следната година, пренесува холандската новинска агенција АНП.
Овие средства се дел од обидот холандските одбранбени алокации да достигнат два отсто од вкупниот БДП, што е ниво поставено како минимум меѓу членките на НАТО, пишува АНП.
Холандската влада претходно најави дека очекува да го постигне ова оваа година, но економскиот раст, недостигот од работници и проблемите со синџирите на снабдување, ја отежнаа таа задача.
По правило, холандските распределби за одбрана отсекогаш биле под целите на НАТО и дополнително биле скратени во деценијата пред руската инвазија на Украина, во годините на мерките за штедење.