Првиот конвој камиони пристигна во Газа преку северниот премин

Првиот конвој камиони со хуманитарна помош за Палестинците пристигна во Појасот Газа преку северниот премин, соопшти денеска израелската армија (ИДФ).

Новиот премин е изграден како дел од серијата чекори насочени кон подобрување на хуманитарната ситуација во Појасот Газа по војната, објави „Тајмс оф Израел“.

Вчера камионите минаа на безбедносна проверка на преминот Керем Шалом, која ја извршија властите на копнените премини, со помош на војници, пред да бидат испорачани во Газа, додаваат од ИДФ.

Во соопштението не се наведува колку камиони имало во конвојот.

Треба да знаете
Последни објави