Воената хунта во Мали забрани медиумско известување за политички активности

Владејачката хунта во Мали им забрани на медиумите да известуваат за „активностите на политичките партии и здруженија“, еден ден откако ги забрани сите политички активности во земјата.

Властите на Мали доцна синоќа издадоа наредба за забрана за известување на сите медиуми, телевизија, радио, печатени и онлајн весници.

Во соопштението не се прецизира дали на новинарите ќе им биде дозволено да известуваат за теми како економијата, кои се тесно поврзани со политиката. 

Треба да знаете
Последни објави