Дино Мерлин синоќа заврши во болница, но сега е добар и се опоравува во својот дом

Дино Мерлин е добро, се чувствува добро. Беше болен, но сега му оди одлично. Тој е дома во Сараево – изјавија од менаџментот на Мерлин за порталот „Аваз“.

Според очевидци, синоќа итната помош дошла во неговиот дуќан лоциран на Башчаршија и го однела пејачот, јавува 24сата.хр. Како што рекле очевидците, пејачот едвај одел.„Изгледаше многу лошо, едвај одеше. Јас живеам овде, па често го гледам. Одвреме-навреме доаѓа во неговата продавница”, рекол еден од очевидците. На Дино Мерлин му се слошило синоќа околу 21 часот во центарот на Сараево во познатата Башчаршија, поради што дошла Брзата помош, а докторите го однеле во болница. Ведриот духот на сараевчани дојде до израз и во оваа случка, па тие се шегуваат дека тој јадел премногу баклава за Бајарам.

Треба да знаете
Последни објави