Изборната кампања за претседателските избори влегува во втората половина, за парламентарните избори почнува на 18 април

Изборната кампања на претседателските кандидати за првиот круг од изборите на 24 април влегува во втората половина, а за пет дена, на 18 април почнува кампањата за парламентарните избори. Во фокусот европската интеграција на земјата, потребните реформи, но и економската состојба, криминалот и корупцијата. Државната изборна комисија (ДИК) вчера ги потврди листите за пратеници за парламентарните избори, но исто така неколку листи не беа прифатени. Извршена беше и жрепка за редоследот на избирачкото ливче за парламентарните избори. 

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван низ Македонија продолжува со средби на граѓаните во Желино, Брвеница и со граѓаните на Теарце, а потоа тој ќе одржи митинзи во Јегуновце и во Тетово.

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска- Давкова ќе одржи средби со граѓани и митинзи во Зелениково, Бутел и Карпош.

Претседателскиот кандидат на ГРОМ и коалицијата Стевчо Јакимовски во текот на денот ќе биде на средби со граѓани Крива Паланка.

Кандидатката за претседател поддржана од Левица Билјана Ванковска ќе одржи средби со граѓаните на Струга и Охрид.

Кандидатот за претседател на коалицијата Вреди Арбен Таравари ќе има средби со граѓани во Паркот во Сарај, а вечерта ќе одржи собир во Куманово.

Кандидатот за претседател на ЗНАМ Максим Димитроевски ќе биде меѓу граѓаните на Кичево, Демир Хисар, Кривогаштани и вечерта во Прилеп. 

Треба да знаете
Последни објави