Дванаесеттиот светски рекет, грчкиот тенисер Стефанос Циципас го освои турнирот во Монте Карло. Гркот попладнево во финалниот меч го совлада Норвежанецот Каспер Руд, 10-ти на светската ранг-листа, за 1 час и 38 минути со 6:1 и 6:4. Циципас по трет пат во кариерата го освои Мастерсот во Монте Карло. Вкупно, тој сега има 11 АТП титули во сингл. Наградниот фонд на Мастерсот во Монте Карло изнесуваше 5,95 милиони евра.