Карлос Алкараз поради повреда нема да ја брани титулата на турнирот во Барселона

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз нема да игра на турнирот во Барселона, каде што ја освои титулата во последните две години, објавија организаторите.

Според информациите, третопласираниот тенисер во светот не се опоравил од повредата на зглобот на десната рака поради која се повлече од Мастерсот во Монте Карло.

Турнирот во Барселона е од серијата 500, а треба да игра Рафаел Надал.

Треба да знаете
Последни објави