Коалицијата „Вреди“ го откажа предизборниот митинг предвиден за вечерва во Гостивар откако познат фотограф и уметник од истиот град Едмонд Амзаи денеска загина во сообраќајна несреќа во Велес. Зад себе ги остави сопругата и синот.
Едмонд Амзаи е сопственик на Фото студио Акон од Гостивар, а роден во 1981 година. Неговата смрт предизвика некои од политичките субјекти да ги прекинат активностите на претседателската кампања.
„Почитувани медиуми, ве известуваме дека Митингот на Коалицијата Вреди закажан за вечерва во Гостивар во 20:30 часот ќе биде одложен бидејќи во текот на денот во сообраќајна несреќа животот го загуби младиот гостиварец Е.А., а како знак на почит ги откажуваме сите активности за денес. До семејството, пријателите и сите жители на Гостивар, изразуваме искрено сочувство!“, соопштија од Вреди.