Денеска претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше во посета на североисточна Македонија каде ја посети и ошштината Ранковце.
Според фотографиите и видеата пласирани во јавноста може да се забележи како Пендаровски културно и срдечно се поздравува со активисти на ВМРО-ДПМНЕ облечени во маички со логото на неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова.
Сличен случај неделава имаше и во општината Градско каде Пендаровски и членови на ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно си отпоздравија.
Пендаровски со ваквите потези покажува повисоко ниво на политичка култура и порака дека нема да ги дели граѓаните без разлика на нивната партиска припадност.