Јордан го повика иранскиот амбасадор

Јорданското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало иранскиот амбасадор на разговор за да го предупреди Техеран дека мора да престане да ја доведува во прашање позицијата на Јордан, кој му помогна на Израел синоќа да собори стотици беспилотни летала и ракети. -Се соочуваме со сите наши можности и способности против се што претставува закана за Јордан и безбедноста на народот, соопшти Министерството на платформата Икс (Твитер), пренесе Тајмс оф Израел. Јорданскиот крал Абдула Втори му рекол на американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор дека секоја понатамошна ескалација од страна на Израел како одговор на иранските напади ќе го прошири конфликтот во регионот, објавија јорданските државни медиуми.

Треба да знаете
Последни објави