Вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во вторник поради нападот на Иран врз Израел

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека свикал вонреден онлајн состанок на министрите за надворешни работи на Унијата за вторник, поради нападите на Иран врз Израел.

Борел на платформата Х напиша дека целта на ЕУ е да придонесе за деескалација и безбедност на регионот на Блискиот Исток. Борел синоќа изјави дека ЕУ силно го осудува неприфатливиот ирански напад врз Израел,

„Ова е невидена ескалација и сериозна закана за регионалната стабилност“, рече Борел на платформата X.

Иран синќа лансираше стотици беспилотни летала и крстаречки ракети кон Израел како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, во кој беше убиен командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан Мохамед Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружуваа.

Треба да знаете
Последни објави