Италија закажа седницата на Г7 поради иранскиот напад врз Израел

Италија како претседавач на групата седум најразвиени земји во светот (Г7) закажа средба на лидерите на оваа организација.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони објави на социјалните мрежи дека Италија го осудува иранскиот воздушен напад врз Израел, пренесува АНСА.

„Да изразиме голема загриженост за понатамошна дестабилизација во регионот и да продолжиме да работиме за да ја избегнеме“, апелира Мелониева на социјалните мрежи.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно денеска остро го осуди иранскиот напад врз Израел и најави дека ќе ги покани лидерите на земјите од Г7 да дадат заеднички дипломатски одговор.

„Ќе ги повикам моите колеги, лидерите на Г7, да координираат обединет дипломатски одговор на дрскиот напад на Иран. Мојот тим ќе соработува со колегите од целиот регион“, изјави Бајден.
Тој нагласи дека официјален Вашингтон ќе остане во близок контакт со израелските власти.

„Иран и неговите сојузници кои оперираат од Јемен, Сирија и Ирак извршија воздушен напад без преседан врз воени објекти во Израел. „По моја наредба, со цел да се поддржи одбраната на Израел, американската војска распореди авиони и уништувачи со балистички ракети во регионот во текот на изминатата недела“, рече Бајден во изјава утринава.

Треба да знаете
Последни објави