Лидерот во италијанската фудбалска Серија А, Интер иако во 32. коло протиов Клјари на двапати водеше на крајот освои само бод (2:2). Турам во 12 минута обезбеди водство за „нераѕурите“, а Шомуродов ги врати гостите во игра со погодок во 65. минута. Чаланоглу набрзо во 75 минута од пенал стрелаше за ново водство на Интер (2:1), но Виола во финишот во 83 минута од средбата погоди за конечни 2:2. Интер е прв во Серија А со 83 бодови, односно 14 бода повеќе од Милан на шест кола пред крајот. Избраниците на тренерот Симоне Инзаги во 33. коло се среќаваат со градскиот ривал Милан и доколку победат ќе можат да го прослават освојувањето на Скудето следната недела.