Почна состанокот на Г7, членовите едногласно го осудуваат нападот

Претседателот на Европскиот совет на ЕУ сподели слика на која се гледа дека денешниот состанок на Г7 е во тек. Шарл Мишел рече: „Едногласно го осудивме нападот без преседан на Иран против Израел“. „Сите страни мора да бидат воздржани. Ќе продолжиме со сите наши напори да работиме на деескалација. Завршувањето на кризата во Газа што е можно поскоро, особено преку итен прекин на огнот, ќе направи разлика“, додаде тој преку објава на X.

Треба да знаете
Последни објави