Слаб земјотрес денеска ја размрда Србија. Потресот со јачина од 1,8 степени по Рихтеровата скала е со епицентар месноста Шушур кај Сјеница. Земјотресот од Републичкиот сеимолошки завод е регистриран околу 14 часот. Според досегашните информации нема пријава за причинета материјална штета. Вчераутро во 6.26 часот Србија ја стресе земјотрес со јачина од 2,9 степени во околината на Крагуевац.