Турција го повика Иран да избегне нова ескалација на конфликтот со Израел

Турција денеска го повика Техеран да избегне „нова ескалација“ по синоќешните ирански напади врз Израел, изјави турски дипломатски извор.

„Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска телефонски разговараше со својот ирански колега и му рече дека не сакаме нова ескалација во регионот“, изјави изворот, кој не сакаше да биде именуван.

Според тој извор, иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан рекол дека „операцијата за одмазда против Израел е завршена“, но дека Иран го задржува правото да дејствува „со најголема цврстина“ во случај на „нов израелски напад“.

Иран минатата ноќ лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили против Израел, како одговор на нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск на почетокот на овој месец.

Израелската армија објави дека го спречила нападот и дека со помош на своите сојузници пресретнала и соборила 99 отсто од проектилите насочени кон Израел.

Треба да знаете
Последни објави