Во Србија трае потрагата по телото на убиеното двегодишно девојче Данка Илиќ од Бор, а таткото на убиецот порачал дека никогаш нема да ја открие локацијата. Тврди дека се заколнал дека нема да каже каде е закопано девојчето. „Никогаш нема да кажам каде е телото на Данка“, рекол човекот. Тој е во притвор, а од целото семејство само мајката е на слобода, но и таа била повикана на информативен разговор.Полицијата ја проверува комуникацијата на осомничените со други корисници на мобилни уреди кои кобниот ден, како и во периодот потоа биле најблиску до местото на убиството и депонијата. Девојчето исчезна на 26 март. Откако мајката пријавила дека детето исчезнало, двајца вработени во „Водовод“ Бор го удриле девојчето со службеното возило, потоа едниот ја задавил и ја фрлиле на депонија. Но, тие признаа дека телото го преместиле на друга локација.
