Проширувањето на ЕУ придонесува за долгорочен мир, стабилност, безбедност и просперитет и затоа Европа многу посериозно да го сфати овој процес отколку што беше случај во претходниот мандат, изјави денеска еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји во обраќањето на Конференцијата „Кон заедничка иднина“ во организација на Демократскиот самит на Југосточна Европа (СЕЕДЕМ) во Брисел.
– Геополитичкиот и геостратешкиот пејзаж во Европа и околу Европа значително се променија во последните две години и за жал се чини дека овие промени се уште не се завршени. Но, од оваа промена има една позитивна опција, а тоа е што проширувањето стана еден од главните приоритети до сега, не само во ЕУ, туку и околу Европската унија, истакна Верхеји.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Вархеји потсети дека на земјите од Западниот Балкан „веќе 21 година им е ветено пристапување во ЕУ“ и може многу да се дискутира зошто процесот траеше толку долго, но сега е јасно дека проширување со регионот и со источните партнери е едно од три приоритети од следниот мандат на европските институции
– Се надеваме дека следната Комисија ќе биде Комисија за проширување и се надеваме дека ќе имаме многу јасни одлуки насочени кон ова во текот на годината, за време на институционалната транзиција. Затоа што 21-та година имаа свој данок на сите нас, не само во Европа каде што беше популарно да се каже дека има замор од проширувањето, туку и на Западен Балкан. Имаше свој данок, но сега мислам дека има повик за будење дека ако Европа не го спроведе проширувањето заради себе и заради свој интерес, може да се соочи со ризик да го загуби долгорочниот мир, стабилност и безбедност дури и во Европа, истакна Вархеји, додавајќи дека е крајно време сега да ставиме до знаење ЕУ дека наскоро ќе има нови членки.
Според Вархеји, ЕУ јасно им порача на земјите од Западниот Балкан дека работи уште понапорно за да биде подготвена да ги пречека како нови членки, но дека тоа е процес на исполнување на критериуми и трансформација.
– Можеме да ги сакаме колку што сакаме, но тие (земјите кандидати) мора да ги испорачаат. Ние секако ќе им помогнеме во тоа. Европската Унија може да испорача проширување само откако ќе се исполнат условите, порача Вархеји
Според него, кога станува збор за проширувањето Брисел сака да зборуваме за институционални прашање – поглавја, одредници, нивно отворање и затворање… што наликува како да возите по автопат и да сакате да ги прочитате сите ознаки.