Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) потпиша договори со 11 банки и финансиски посредници во вкупен износ од 750 милиони евра преку кои ќе се зголеми пристапот до финансии за малите и средни претпријатија за земјите до Западен Балкан. Во Македонија, оваа платформа се очекува да распореди заеми во вкупна вредност од 60 милиони евра достапни под поволни услови за кредитирање на околу 1.100 мали и средни претпријатија, притоа одржувајќи над 15.000 работни места. До денес во земјава, гаранциите на ЕИФ обезбедиле вкупно околу 225 милиони евра за над 1.000 мали и средни претпријатија, што помогна да се одржат 64.000 работни места.