Иако има само 21 година напаѓачот на англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи, Кол Палмер го привлече сето внимание. Стана првиот играч на Челзи после Френк Лампард со постигнати 4 гола на еден меч, во 33. коло против Евертон (6:0), па со овој скор се израмни на листата на стрелците со Ерлинг Халанд од Манчестер сити. На последните два меча на „Стемфорд бриџ“, Палмер постигна 7 гола. На последните четири меча дома постигна еден гол против Њукасл, 2 против Барнли, 3 против Манчестер јунајтед, 4 против Евертон. Момчето кое е родено во Манчестер и летово ќе го гледаме на ЕП во дресот на Англија, веќе постави два клупски рекорди. Го постигна најбрзиот хет-трик за само 16 минути (13`, 18` и 29` минута), четвртиот гол го даде во второто полувреме од пенал и стана прв играл кој постигнал голови на 7 меча по ред на „Стемфорд бриџ“. Палмер заедно со Дрогба се единствените двајца играчи на Челзи со хет-трик на два меча по ред пред своите навивачи. Во период од 14 години никој немаше постигна 4 гола за Челзи во Премиер лигата. Пред Палмер тоа го стори Лампард. Сезонава Палмер има постигнато 25 гола и 13 асистенции на сите натпреварувања, а во Премиер лигата го стигна Халанд со 20 гола.