Андреј Рубљов е вториот носител на земјениот АТП 500 турнир во Барселона, каде ќе се случи и враќањето во тенисот на легендарниот 37-годишен шпански тенисер Рафаел Надал.
Надал на почетокот на оваа календарска година настапи на турнирот во Бризбејн каде заработи нова повреда. По поразот од Томпсон, тој го откажа настапот на Австралија опен, а потоа ги откажа и следните турнири. До оваа недела во Барселона, каде го најави своето враќање.
„Овој тренинг против Надал во секој случај беше посебен за мене. Секој тренинг и натпревар е посебен со него, но кој знае, можеби ова е последниот тренинг што го имавме заедно. Можеби последниот заеднички турнир на кој настапувам. Секогаш е убаво да се тренира со Надал, но морам да признаам дека не можев да му парирам, не можев ништо против него“, изјави Рубљов.
Надал во првото коло ќе игра против 21-годишниот италијански тенисер Флави Коболи, а доколку биде успешен на премиерата во второто коло, Шпанецот ќе се соочи со четвртиот носител, Австралиецот Алекс Де Минаур. Надал во својата голема кариера освои 22 Грен слем турнири, а четиринаесет пати беше најдобар на Ролан Гарос во Париз.