Катаден ја слушам професорката Силјановска дека била член на Венецијанската комисија, но не кажува дека тоа е на предлог на Владата. Ајде да дојде тука и да разговараме, да дебатираме, вели во вчерашното гостување во „360 степени“ претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.
Според Јакимовски мора да има дебата меѓу претседателските кадидати бидејќи има предлог да се избришат Македонците од Уставот, излегување на Македонија од Отворен Балкан и слично.
– Не планирам да не се пласирам во вториот круг, а во вториот круг обично јас победувам. Нека размислуваат овие кои бегаат од дебатите дали ќе се најдат во вториот круг, додава Јакимовски кој вели дека народот сака храбри кандидати, не такви кои бегаат од дебати.
– Ако имате плашлив претседател во кампања, ќе имате и плашлив претседател кој ќе седне во столчето под падините на Водно, вели Јакимовски.