Италија ќе биде подготвена да испрати војници како дел од мировната мисија со други земји доколку се формира меѓународно призната палестинска држава, изјави италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани.
„Италијанската влада е многу заинтересирана за мир“, истакна тој на форумот организиран од италијанската новинска агенција АНСА.
„Ние сме пријатели на Израел, но сакаме да работиме за мир, вклучително и со евентуално испраќање војници, заедно со сили од други земји, ако биде формирана палестинска држава.
– Фактот дека Рим е ротирачки претседавач на Г7 е можност за мир во светот разурнат од војна, додаде Тајани. Тој нагласи дека мирот ќе биде главната цел на Г-7.
„Единство што е важно: кога сакате да постигнете една цел, сите страни мора да имаат заедничка визија“, истакна италијанскиот министер. Во оваа насока веќе се испратени важни пораки“, додаде Тајани.