Интегрален текст од изјава за медиуми, Милена Стевановиќ, членка на ИО на СДСМ и кандидат за пратеник во ИЕ 1:
Почитувани граѓани,
Поминаа 2 недели од изборната кампања, а граѓаните видоа дека Силјановска нема план, а нема ниту свој став, таа е продолжена рака на Христијан Мицкоски.
Тој и ја води кампањата, тој одлучува.
Од друга страна, се покажа дека Стево Пендаровски е човек со интегритет, државнички став, план и визија за европска иднина на земјата.
Човек без ниту една дамка за време на неговиот мандат и без ниту една грешна одлука.
Јасно е,
Глас за Стево Пендаровски и СДСМ е глас за сигурна, европска иднина.
Глас за Силјановска и ДПМНЕ е глас за враќање назад во изолација и неизвесност.
На Македонија не и треба реприза на Иванов, претседател – партиски послушник кој наместо гласот на народот ќе ја слуша само Белата палата.
На Македонија и на граѓаните им треба вистински Претседател, со свој став и државничко чувство за иднината на државата.
Граѓаните сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард.
Не ни треба враќање назад во изолација и незивесност туку напредок и членство во ЕУ.