Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски денеска изјави дека пратеникот во германскиот Парламент, Бајер, го потврдил она што тој веќе го зборувал подолго време, а тоа е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да извршат промени на Уставот, но чекаат прво евентуално да победат на парламентарните избори, па потоа да го направат тоа предавство.
И практично, кога ги анализираме двете политички партии, СДСМ е спремен да предаде и тоа веднаш и не се крие за предавството, меѓутоа проблемот кај ВМРО-ДПМНЕ е што тоа сакаат да го скријат од народот, односно да го излажат народот и да го направат тоа предавство по завршувањето на парламентарните избори.
И јас сега сакам да прашам, бидејќи тие велат ќе поставуваат услови, ќе било одложено важењето на Уставот, само сакам да прашам за господинот Мицкоски, кого лаже? Дали го лаже германскиот пратеник, или ги лаже гласачите, членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кого лаже?!
Јас мислам дека, мојата проценка е дека тој му ја кажува вистината на германскиот пратеник, а на македонските граѓани им ја кажува лагата дека тој ќе поставува услови, дека тој ќе бара одложено дејство на важење на Уставот кога ќе влеземе во ЕУ. За жал, германскиот пратеник ни кажа дека Христијан Мицкоски можеби ќе гласа и пред да излеземе на гласање на овие парламентарни избори.
Она што јас сакам да кажам, е дека треба да се престане со нечесното играње кон Македонците и треба да се престане да се третираат Македонците како монета за поткусурувањеи затоа на овие парламентарни избори македонското гласачо тело треба да одлучи да не го дава гласот за оној којшто е подготвен да ги предаде, да го отвори Уставот, потоа да се бира претседател во Прламентот. Практично претседателот да биде резултат на уцени и партиско-политички пазарења, исто така да се направи граѓански Устав кајшто ние Македонците од единственото место кадешто постоиме во некој документ, а тоа е Уставот на Република Македонија ќе бидеме избришаи и кадешто практично ќе се прифатат сите барања на бугарската држава, а тоа е дека сме нација од 1944 година, дека нашиот јазик е фалшлив бугарски јазик, односно дека нашиот јазик е модифициран бугарски јазик, а нашите историски личности се по род Бугари.
Тоа е недозволиво и недозволиво е на ваков начин да се изигруваат грашаните на Република Македонија. Мислам дека колку и да е вистината тешка, колку и да е горка за граѓаните, треба да им се кажува вистината. Токму затоа мислам дека на овие избори ваквите партии треба да бидат казнети и македонските граѓани да донесат одлука, односно да дадат поддршка на оние што ќе ги штитат националните интереси, особено на Македонците во Република Македонија, истакна Јакимовски.