Бурата „Рената“ стигна во Романија, каде што беа издадени предупредувања за поплави поради силните бури и дождови. Издадени се предупредувања за поплави за реките во шест региони, додека половина земја е под метеоролошки предупредувања за невреме. На планините врнежите се од лапавица и снег. Утрово снежниот слој изнесуваше 52 сантиметри во туристичката област Балеа Лац, на над 2.000 метри во планините Фагарас, каде температурата е само два степени. Најголеми проблеми на западот од земјава предизвика ветерот кој урна дрвја и билборди. Вработени во Службата за вонредни состојби интервенирале во повеќе градови низ Романија. Засега нема информации за жртви.