Во Виена извлечени се составите на групите за завршницата од ракометното женско Европско првенство, кое од 28 ноември до 15 декември ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија, а каде на континеталниот собир се враќа и македонската репрезентација. Ждрепката сакаже македонските девојки да настапуваат во групата А со домаќинот Унгарија, Шведска и Турција. Натпреаврите од оваа група ќе се играат во Дебрецин.

За женската ракометна репрезентација на Македонија ова ќе биде седмо учество на Европските првенства. Првите две селекции од групите продолжуваат во следната рунда, вторите две ќе бидат елиминирани.