Претседателката на Собранието на Република Србија, Ана Брнабиќ, донесе одлука да го прифати барањето на опозицијата сите локални избори да се одржат во ист ден со изборите во Белград, на 2 јуни. Одлуката е донесена по консултација и совет на претседателот на Републиката, Александар Вучиќ.
– Со тоа го прифатив предлогот на „Србија против насилство“ и коалицијата НАДА – рече таа и додаде дека за тоа е потребна промена на законот за локални избори во член 35 и дека е важно тоа да се направи што поскоро.
Таа очекува дека овој предлог за промена ќе биде спроведен заедно за да се покаже единство во тежок момент за Србија и нејзините граѓани.
Брнабиќ се надева дека законот ќе биде донесен во сабота, а локалните избори ќе бидат распишани во недела.