САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател потврди дека Вашингтон ќе стави вето на вечерашното гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации за барањето на Палестина за полноправно членство во Светската организација. Пател на брифинг со новинарите посочил дека нема консензус меѓу членовите на комитетот за тоа дали Палестинците ги исполниле критериумите неопходни за да се дефинираат како држава и нагласил дека палестинската управа „треба да помине низ значајни реформи за да може да ги преземе државните одговорности”. Администрацијата на претседателот Џо Бајден долго време се спротивставува на палестинските напори за еднострано обезбедување државност во ОН, тврдејќи дека целта треба да се постигне преку директни преговори со Израел.

Треба да знаете
Последни објави