Полицијата во Полска уапсила маж осомничен дека шпионирал за руската воено-разузнавачка служба ГРУ и затоа што наводно се согласил да учествува во заговор за убиство на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти полското обвинителство.
Во соопштението на обвинителството се наведува дека мажот кој е идентификуван како Павел К. е обвинет дека бил спремен на руски агенти да им открие информации за безбедноста на аеродром и дека е уапсен во средата во Полска.
Се наведува дека тој човек барал контакт со Руси кои се директно вклучени во војната во Украина и се очекувало дека ќе пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е главно место за западната воена и хуманитарна помош за Украина. Го користат и лидерите и политичарите кои патуваат во Украина и надвор од неа. Аеродромот го контролираат американските трупи.
Ако биде прогласен за виновен, мажот би можел да биде осуден на затворска казна до осум години.