Growth Labs Academy во соработка со Средношколскиот Сојуз го организираат првиот Средношколски Самит за кариерен развој кој ќе се одржи на 22 април со почеток во 17.00 часот.
Настанот кој ќе се одржи во „Синеплекс“ во „Сити мол“ е посветен на едукација, интеракции и вмрежување на средношколците.
Ова е прв настан од ваков тип, бесплатен е и навистина ќе им биде од голема корист на сите млади кои се наоѓаат на значајниот животен крстопат и треба да донесат одлука за својата идна кариера и да ја изберат нивната професија.
Oвој настан ќе ги опфати следните теми:
- важноста на неформалното образование и континуираното учење,
- како да ја изберам мојата идна професија,
- започнување на кариерата со креирање на силен персонален брендинг
- a, по говорниците предвидено е да имаме и панел дискусја на која ќе се опфатат теми од областа на образованието и можностите за младите но и фокус ќе биде ставено на тоа како да се насочат правилно младите за да имаат кариерен успех во идинина
Сите заинтересирани средношколци можат да се пријават на овој линк.