Кениската атлетичарка Перес Јепчирчир постави нов светски рекорд во маратон.
Таа во Лондон целта ја мина за време од два часа, 16 минути и 16 секунди.
Зад олимписката шампионка, второто место на трката во главниот град на Велика Британија го освои Тигст Асефи од Етиопија, додека трета беше Џојселин Џепкосгеи од Кенија.
И Асефи и Џепкосгеи ја завршија трката за помалку од 2 часа и 17 минути, побрзо од претходниот светски рекорд поставен од Кенијката Мери Кеитани со време (два часа 17 минути и една секунда) поставен во 2017 година, исто така во Лондон.