Два воени хеликоптери во Јапонија паднаа во морето, најмалку еден загинат

Два хеликоптери на јапонската морнарица се урнаа во морето за време на вежби, при што загина најмалку еден од осумте членови на екипажот, изјави денеска министерот за одбрана на земјата Минору Кихара.

Два патролни хеликоптери СХ-60 вршеле вежби синоќа во близина на групата острови Изу, во близина на јужниот брег на централна Јапонија.

Кихара рече дека причината за несреќата е под истрага. Црните кутии од двата хеликоптри се откриени во непосредна близина една на друга и постои голема веројатност двата хеликоптери да се судриле, додаде тој.

Јапонските поморски сили за самоодбрана (MSDF) и крајбрежната стража трагаат по преостанатите седум членови на екипажот.

Началникот на Генералштабот на МСДФ, Јошитака Сакаи, во саботата истакна дека не верува оти некоја друга земја била вмешана во несреќата.

Амбасадорот на САД во Јапонија, Рам Емануел, во објава на платформата Х, понуди помош од неговата земја за време на потрагата и спасувањето.

Треба да знаете
Последни објави