Министерството за здравство во Појасот Газа, контролирани од Хамас, денеска соопшти дека вкупно 34.097 лица загинале во палестинската енклава од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас. Само во последните 24 часа, според соопштението, загинале најмалку 48 лица. Се посочува дека од почетокот на војната на 7 октомври минатата година, ранети се 76.980 лица