Делегации од Грција и Турција се состанаа денеска во Атина како дел од долготрајните напори за подобрување на затегнатите односи, неколку дена откако Турција изрази приговори за плановите на Грција да создаде поради природни морски резервати во Јонското и Егејското море.
Турската делегација на разговорите ја предводеше заменик министерот за надворешни работи Бурак Акџапар, а грчката амбасадорот Теохарис Лалакос, соопшти грчкото Министерство за одбрана.
На денешната средба во Министерството за одбрана во Атина, на дневен ред беа мерките за градење доверба, по слична средба одржана во Анкара во ноември минатата година.
Средбата се одржа пред планираните разговори во Анкара на 13 мај меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Двата регионални ривали се сојузници на НАТО, но со децении се во несогласување за низа прашања, вклучително и територијални претензии во Егејското Море и правата за дупчење во Средоземното Море. Тие дојдоа на работ на војна три пати во последните 50 години
Спорот за правото на истражување на енергијата во 2020 година доведе до судир на воени бродови меѓу двете земји во Средоземното Море.