„Форбс“ пред 10 години објави листа на „десет работни места кои привлекуваат психопати“. Непосредно пред објавувањето на листата, психологот Кевин Датон објави книга која се занимавала со менталните нарушувања и како луѓето кои не се вклопуваат во општеството или имаат целосно отсуство на емпатија функционираат на работното место, односно во работниот простор.
Кевин Датон посочил дека „психопатот“ не се дефинира по принципот на холивудската перцепција на овој збор, т. е. сериски убијци, туку како личности кои не покажуваат или немаат способност да имаат какви било емоции, ниту пак, се способни да се идентификуваат или да се поврзат со други луѓе, пишува „Форбс“.
Во заклучокот од истражувањето на Датон пишува дека „психопатите се најприсутни на полето на технологијата и дигиталното“.
Психологот Кевин Датон од Катедрата за експериментална психологија на Универзитетот во Оксфорд спроведе истражување на жителите на Велика Британија за да открие кои професии имаат најголем број на психопати.
На прво место се директорите и менаџерите, потоа адвокатите, медиумските личности (со акцент на актери и музичари), продавачи, хирурзи, новинари, полицајци, свештеници, готвачи и државни службеници.
Многу од овие десет професии одговараат на профилот на оние кои кријат најголем број психопати, бидејќи некои од основните карактеристики на психопатите се неверојатното его, егоцентричноста, бестрашноста, ладнокрвноста и шармот, кои исто така се карактеристики тесно поврзани со концептот на успехот.
Ова е поткрепено со студијата на британското академско списание „Journal of Business Ethics“, според кое психопатите од високо платените професии како адвокатите и менаџерите честопати се помалку успешни во својата работа од другите колеги. Таквите луѓе заработуваат помалку пари и нивните врски исто така ќе бидат помалку успешни.
Од друга страна, Датон креирал и листа на работни места со најмалку психопати.
На списокот има – медицински персонал, терапевти, стилисти, луѓе од областа на негата и убавината, професори и наставници, луѓе кои се занимаваат со креативно пишување и луѓе кои се занимаваат со добротворна работа.